Охридскиот Историски архив ќе станува подостапен за јавноста

Охридскиот Историски архив ќе се отвора за јавноста. Подготвуваат изложбен салон каде што ќе се изложуваат документи и слики од ризницата на архивот. Од историскиот архив апелираат граѓаните кои поседуваат документи од значење на градот да им ги предадат за соодветно зачување од забот на времето.

 |  Валентина Неловска  | 

Регионалниот Историски архив во Охрид ќе станува подостапен за јавноста. Се подготвува нов концепт во работата кој ќе придонесе  за популаризација на значењето на архивот, информира в.д директорот Никола Митровиќ.

„По завршување на пандемијата архивот ќе е отворен за граѓаните. Се подготвува изложбен салон. Покрај документите ќе се поставуваат во изложбениот простор поставки кои кој ќе се менуваат неделно, месечно од настан до настан и ќе се одбележуваат настани преку фотографии и сведоштва“.

Годишно до 200 домашни и странски граѓани бараат дозвола за да истражуваат во депоата на архивот. Има по еден заинтересиран истражувач во текот на работните денови во  годината. Во нашата статистика има различни профили на истражувачи како што се студенти од Архитектонскиот факултет кои се интересираат за архитектонски дејствија, но има и публицисти, историчари на додипломски или постдипломски студии, напоменува Митровиќ.

„Интересот за истражување е голем. Голем по обем но по личнодти кои се повторуваат од година во година. Тоа беше и инцијалната каписла за изложбениот салон и пропагирање на архивот. Покрај збогатување на обемот од истражувањата на личностите да се зголемат и истражувањата на документи.“

Од Историскиот архив апелираат граѓаните кои поседуваат документи кои се од значење на градот да им ги предадат за соодветно зачувување од забот на времето. Митровиќ напоменува дека го презеле архивскиот фонд на пливачкиот тренер Александар Леко Радиќ, а се во преговори за преземање и на архивскиот фонд на Видое Видически, неодамна починатиот писател и општественик од Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top