• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридскиот Градоначалник најави од следната недела продолжување на акцијата за рушење дивоградби

Охридскиот Градоначалник најави од следната недела продолжување на акцијата за рушење дивоградби

Општината распиша и тендер во висина од 6 милиони денари за одстранување на бесправно изградените објекти. Градоначалникот, денеска, одговараше на советнички прашања за кои беше резервирана 55та седница на градскиот совет.

 |  Валентина Неловска  | 

По кој принцип ќе се отстрануваат дивоградбите и дали општината има одреден план и методологија ја интересира опозицијата во градскиот совет. Ова беше првото од низата прашања кои советниците му ги упатија на градоначалникот Константин Георгиески и на општинските служби на денешната седница наменета за советнички прашња.

„Дали е во тек на изработка и методологија по која ќе се води ЛС во изготвување на листи на приоритет за објекти за уривање. Пред се голем е интересот на граѓаните посебно на оние на кои објектите им се во ризик за одстранување“.

Министерството за транспорт и врски и министерството за животна средина и просторно планирање се задолжени да направат евалуација на влијанието на бесправно изградените објекти на животната средина, потсети Градоначалникот. Во зависност од тоа кој објект не ќе може да се вклопи во другите планови ќе биде ставен на листата за приоритетно одстранување, одговори Георгиески. Тој потенцира дека не постои никакава можност објектите и така виканите плажи на крајбрежјето и во Охридско Езеро да се вклопат со Планот за управување и во кој бил друг Урбанистички план.

„Градежни објекти на брегот нема да има во иднина. Ќе продолжиме со одстранување на тие бесправни објекти. Предложив , во минатото план за динамика за одстранување, советниците не го прифативте. Според кој на кого најрано му завршил договорот по тој редослед да ги отстрануваме и ќе се придржуваме кон таа динамика. Имавме акција утре за одстрaнување на времени објекти, но  нема да дозволат временските услови, па ќе продолжиме од следната недела со одстранување на бесправни објекти“. 

За справување со нелегалните објекти општината, денес, распиша тендер во висина од 6 милиони денари, средства кои ги додели Владата за градот да ги одстрани дивоградбите и да се зачува статусот на Светско културно и природно наследство на Охридскиот регион.

На денешната седница доминираа прашања од сферата на урбанизмот и комуналните проблеми на граѓаните. Советниците бараа одговори на прашања кои ги засегаат жителите од градот, приградските населби и руралните делови, како што се патната инфраструктура, изградбаta на новата училишна зграда на ОУ „Братство Единство“, Домот за стари лица, катната гаража, изградба на детски и спортски игралишта и друго. Советниците ја одржаа и 56тата седниза со една точка на дневен ред која едногласно беше усвоена, а се однесуваше на прифаќање на донација за компјутери наменети за ОУ „Братство Единство“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top