Секојa недела одвојува време со својот практикант Емин време за да им ја средат косата на луѓето кои неможат да си го дозволат тоа. Шогун вели дека има луѓе на кои потстрижувањето им е луксуз.
Беберот Неат Алим е единствениот во охридско кој во својата берберска работилница бесплатно потстрижува сограѓани од ранливата категорија. Алим, познат на охридската чаршија како Шогун , заедно со својот практикант Емин секој ден недела одвојуваат време за да потстрижуваат луѓето кои не можат да си го дозволат тоа.
„Одлучивме еднаш во ден недела , секоја недела од 10 до 13 часот да одвоиме време за ранливата категорија граѓани кои не се во можност да го платат шишањето. Сакавме да им излеземе во пресрет и да ги потстрижиме бесплатно“, кажува Шогун.
Шогун за само еден месец, од кога почнал со својата хумана работа , вели дека потстрижил голем број луѓе. Споменува бројка од тринесетина луѓе на кои потстружувањето коса им е луксуз.
„Исклучиво шишање ако некој има поголема брада само му ја кратиме со машинка“, вели овој хуман млад човек.
Неат Алим Шогумн е бербер со 25 годишен стаж во занаетот. Се надева дека неговиот пример ќе го следат други хумани занаетчии и ќе одвојат време и ќе придонесат за што поеснафско однесување кон ранливата категорија сограѓани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град