Охридски семејства во социјален ризик добиле поудобен дом за живеење

Со помош на ОО ЦК, некои добиле современо купатило, други неопходни апрати за  домаќинството кои не се луксуз туку потреба. Младите волонтери на ЦК преку проекти за хумани вредности помагаат на различни начини во рамките на можностите на организацијата, а ќе продолжат да помагаат и оваа година. 

 |  Валентина Неловска  | 

На вратата на ЦК секојдневно се појавуваат граѓани во социјален ризик кои бараат најразлични видови на помош , вели секретарот на ООЦК Мимоза Ставрева. Помагаме во различни ситуации со храна, облека, за лекување, со покуќнина, додава таа. Тоа го правиме преку различни програми, собирни акции и донации од општествено одговорни фирми и поединци. Минатата година помогнале на повеќе охридски семејства во социјален ризик и им овоможиле поудобен дом за живеење.

„Направивме уредување на купатило, уредување дневна и детска соба или купување на неопходни технички апарати во домаќинството за кои сметаме дека не се луксуз туку потреба како машина за перење, фрижидер или шпорет“, напоменува Ставрева.

Ваквите акции ги правиме со помош на младите волонтери кои се вклучени во проекти за хумани вредности, вели Ставрева. Напоменува дека волонтерите се млади луѓе на возраст од 15  до 17 години.

„Самите може да се соочат со ваквите предизвици по претходно добиена обука. Тие ги наоѓаат лицата на кои им е потребна помош. Сами ги детектираат проблемите во својата средина, ги пронаоѓаат, без наша сугестија и сакаат да ги разрешат проблемите. Бараат донации, организираат акции за собирање на средства за материјални добра за да помогнат“, раскажува Ставрева.

Од месец февруари, ќе стартуваат новите ПХВ проекти кои треба да се реализираат до месец мај. Младите волонтери на ОО ЦК ќе продолжат да помагаат и оваа година. Охриѓани се хумани луѓе и сакаат да им помогнат на луѓето во различни видови ризик било тоа да е во материјална помош или со донации за лекување на болни сограѓани. Минатата година, ОО ЦК Охрид доби пехар, за најдобро сработени проекти за хумани вредности, највисоко државно признание во земјава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top