Установите од областа на културата кои не ги искористиле доделените средства за реалиција на проекти до крајот на годинава ќе треба да ги вратат средствата на ресорното министерство. Охридскиот Завод и музеј ќе врати срeдства само за еден нереализиран проект. Останатите проекти ги завршиле, а некои се во тек.
Установите од културата неискористените средства за реализаиција на проекти ќе треба да ги вратат до крајот на годинава. Охридската национална установа Завод и музеј не реализирала само еден проект заради пандемијата од нацрт годишната програмата за реализација на проекти на Националните установи. Во 2020 година НУ Завод и Музеј конкурирале со 21 проект. Од нив 13 биле од областа на заштита на културната наследство, 5 од музејската дејност, 2 од областа на меѓународна дејност и еден проект од областа на визуелна уметност, архитектура и дизајн, информира Даниела Недељковиќ , директор на НУ Завод и музеј.
„Од вкупниот број на проекти не се реализира само еден проект од областа на визуелна дејност уметност, архитектура и дизајн, тоа беше 30та традиционална изложба поради пандемијата. Останатите проекти се во тек на резлаиција, некои се реализираа, а за некои се изработува тендерската документација и се чекаат потребните документи од други институции за да се отпочне со реализација на проектите“.
Средствата наменети за овој нереализиран проект ќе треба да се вратат. Министерството е известено тие средства ги вративме бидејќи не се искористени за реализација, а другото се ќе се реализира, вели Недељковиќ.
„Моментално во заводот се релизира проектот за опремување на библиотеката, а исто така и каблирање за поставување на интернет, како и проектот на Самоилова тврдина“.
Покрај овие проекти се реализирани уште неколку како што се обновување на кровни конструкции и фасади на куќи со автентична охриидска архитектура. Меѓу нив се куќите на Хаџиеви и Крапчеви, како и проектот за рекогностирање на делови на источниот и југоисточиот брег на Охридското езеро.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град