Чествувањето на денот на Свети Климент Охридски го посветија на 30 години од независноста на македонската држава. Во чест на празникот , учениците подготвија програма преку снимени рецитации, музички и ликовни творби.
Охридската гимназија го одбележа својот патронен празник Св. Климент Охридски. Од оваа образовна установа порачаа дека ќе чекорат по неговиот пат и доследно ќе продолжат да ги пренесуваат неговите вистински вредности оставени во завет. Oваа година патронатот, денот на светиот учител го посветуваме на 30 години од независноста на македонската држава, истакна Весна Цветкоска, директорка на ОСУ „Св Климент Охридски“, а истовремено им упати и порака на гимназијалците.
Можеби сме млада држава 30 години независност, но благодарение на нашиот учител Св Климент Охридски ги описменивме Балканот и Европа. Затоа секогаш бидете подготвени со гордо исправени глави да го освоите светот и да го раширите името на своите училиште, град, патронот на градот и својата земја. Да си го чуваме Македонскиот јазик и збор кој нема да брои 30 -50 години независност туку ќе одекнува во вечноста – истакна Цветкоска.
По повод Патрониот празник беа наградени ученици на годинешниот Конкурс за најубави литературни, ликовни и музички творби.
Литературни творби: I награда Михаил Жупан IV-8 ; II награда Сара Петкоска I-7 ; III награда Анастасија Љулкова IV-8.
Ликовни творби: I награда Ангела Србиноска III-5 ; II награда Ева Китрозоска III-8 и Викторија Печијареска III-1 ; III награда Елеонора Брдароска IV-1.
Mузички творби: I награда Анастасија Филоска III-4 ; II награда Наталија Танеска I-3.
Во чест на празникот Св. Климент Охридски, учениците подготвија пригодна програма преку снимени рецитации, музички и ликовни творби.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град