На Охрид му недостасуваат инфо центри и треба што поскоро да се отворат, инсистираат туристичките менаџери.
Нивните очекувања се дека со повеќе инфо центри ќе се решат и низа проблеми во туризмот. Надминување на проблемот со промотивен туристички материјал, до кој туристите во моментов тешко доаѓаат. Но, очекувањата се насочени кон елиминирање на грдата слика, со приватните станоиздавачи кои на улица ги нудат своите сместувачки капацитети, нагласува туристичкиот менаџер Стефан Каневче. „Она што се случува со приватното сместување е срам за градот, туристите се влечат за раце, им се тропа по прозорите на автомобилите. Оваа глетка под итно треба да се реши, а инфо центрите се добра идеја за културна понуда без измами и за категориите на приватното сместување“, укажува Каневче.
Од секторот за туризам и локален економски развој има најави за отварање на инфо центар на северниот влез од градот. Се планира со работа да стартува пред почетокот на туристичката сезона. Со неговото функционирање ќе се надмине недостатокот од информации за туристите кои престојуваат во охридската ривиера. Сега туристите ќе може да добиваат информации и промотивен туристички материјал при самиот влез на градот.
Илкер Мустафа, од ТЛЕР вели дека туристите тука ќе ги добиваат сите информации за добар престој во Охрид. Од прва рака ќе дознаваат каде може да се сместат во хотелите и приватни капацитети, рестораните, културните манифестации, до одржување на забави и ноќниот живот.“
Во моментов во Охрид работи единствено туристичкото биро „Лихнидос“ кое се наоѓа во непосредна близина на автобуската станица. Дополнителни инфо центри, ТЛЕР планира да постави во градот и во Пештани. Еден инфо центар ќе биде поставен во строгиот центар на градот, а туристите во текот на 24 часа ќе добиваат информации и од поставените инфо пултови во нивна близина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град