Охрид остана полупразен овој продолжен викенд

Истенечените финансии на повеќето Македонци или новите рестриктивни мерки ги спречија да поминат празничен викенд во туристичкиот центар.  Полни беа викенд становите додека сместувачките капацитети останаа со празни легла.

 |  Валентина Неловска  | 

Охрид остана полупразен овој празничен, продолжен викенд. Иако овој викенд имаше добро време хотелите, приватното сместување, рестораните половично исполнети со гости. Оние кои што не пропуштија можност да го посетат градов велат дека малата посетеност не е поради влошената епидемилошка состојба и најавените поригорозни рестриктивни мерки.

„Јас не мислам дека се мерките туку парите се во прашање“.
„Повеќе финансиската дефинитвино. Секој би сакал да ужива без дискусија, но економскиот момент е многу битен“.

Охриѓани ги избегнуваат прометните места низ градот за време на викенди посебно празнични кога евидентно е поголемо присуство на гости кои не ги почитуваат мерките за заштита од вирусот. Ги анкетиравме дел од посетителите на градов за можноста маската да стане задолжителна на отворен простор.

„Заради здравје мора да се штитиме“.                                                                                                         

„Мислам дека не е потребно. Доволно е социјална дистанца“.  

„За некои мерки се согласувам за некои не. На отворено кога се групираш да, кога си сам, зошто која е потребата да ја носиме маската?“
„Се отворија границиве а ни даваат рестриктивни мерки за носење маска на отворено и кога си сам, која е потребата?“
„На отворено не потребно ако си сам во друштво да. Последниве денови се користеа внатре, а не и надвор. Сега се користат“.
„Некој носиме, некој не носиме.Во Охрид е добро засега“.
„Да многу се почитуваат мерките во Охрид, повеќе од Скопје. Еве јас не ја носам маската преку лицето, но штета е да не се дише убав воздух“.

Од совесноста на секој поединец зависи како ќе се одвива здравствената криза што пак ќе се одразува врз економијата. За да може да опстои туристичкиот сектор мора да се почитуваат мерките и протоколите за да нема ограничувања на движење, карантини, затворени граници, вели Филип Стефаноски од ТА ДМС Балкан.

Треба да ги почитуваме правилата за победа над овој вирус.Треба да внимаваме и се избориме заедно и надлежните институции треба да ни помогнат нас како сектор да успееме“.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат донесената одлука за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Македонија, без ПЦР тест.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top