Охрид- интересен шехер

Охрид бил убав и богат град како и поголемите градови од Империјата, стои во патеписот на Евлија Челебија од 17 век.

 |  Валентина Неловска  | 
carsija
carsija

Охрид бил убав и богат град како и поголемите градови од Империјата, стои во патеписот на Евлија Челебија од 17 век. Со своето перо Челебија запишал значајни податоци од животот на Охрид и овдешните простори. Забележал дека Охрид имал 12.000 жители и 7000 вооружени војници во 1670 година. Луѓето кои работеле на тврдината биле ослободени од плаќање данок. Ова се некои од податоците за градот од 17 век, запишани од перото на Евлија Челебија, славниот отомански патеписец. Челебија пишувал интересни работи поврзани со градот, жителите, сарајот, џамиите и црквите. Меѓу другите записи тој го опишал изгледот на тогашната џамија Аја Софија, катедралната црква која во тоа време била претворена во џамија. Го забележал и обичајот на охриѓани скришум да потплатат на чуварите понекое акче за да се помолат на Бога. Вратата на Св. Софија се отворала секој петок, се чистела внатрешнсота, а потоа повторно се затварала раскажува историчарот, Илинка Јанева според записите на Челебија за тогашниот Охрид. „Била во христијанско мало, и имала 17 мали и големи куполи,Џамијата била полна со светлост со уметнички изработени двери и прозори од седеф“. sofi

Евлија Челебија дава опис и за џамијата на Плаошник, за Хаџикасимовата џамија во центарот и за Зулмиј џамијата, позната и како темна џамија, за сарајот на Охризаде. Во овој иделаен шехер, како што запишал Челебија за Охрид, имал 6 манастири во многу добра состојба и во секој имало по 50 калуѓери и црковни великодостојници. Најбогати биле манастирот на Патријаршијата и на Латинскиот манастир. За време на престојот на овие простори патеписецот бил гостин на познатото семејство Охризаде.„ Со негови очи го видел и ферманот со кој султанот градот им го предава во власт и на управување на благородничкот семјество Охризаде“, запишал Челебија.

Евлија Челебија патувал низ териториите на Отоманската империја и околните земји четириесет години. Патеписите на Челебија се од особено значење за историграфијата на разните градови во Македонија. Истите даваат увид во нивниот изглед, дух и локалниот начин на живеење во тоа време, кој денес не би го имале. Неговата збирка белешки од сите негови патувања е сместена во десет тома и е наречена „Сејахатнаме“ или „Патепис“. Oписите и неговите белешки се општо прифатени како водич низ културните аспекти и начинот на живеење во Отоманската империја во 17 век. За жал неговите патешествија никогаш и никаде не се преведени и издадени во целост. Денес, Македонија е домаќин на меѓународен конгрес посветен на 400 години од раѓањето на славниот патеписец.

Евлија Челебија е роден во 1612 во Истанбул како син на дворски златар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top