Охрид и Струга сеуште без регионална депонија.
Охрид, Струга и југозапдниот регион се сеуште без регионална депониј. Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Незири проблемот со депониите го посочува од два аспекти, од техничка и финансиска природа. Ние с етрудиме со Зaкoнска регулатива и со средства од ИПА фондовите да најдеме решение.Се работат планови, но министерот нема конкретен одговор кога ќе бидат отворени регионалните депонии. Тој појаснува дека за два региони проектите се завршени и ќе отпочнат со средства од ИПА фондовите кој чинат 3,9 милиони евра, вели Нурхан Незири.
„ Вие знаете дека има многу диви депонии тие да се затвараат се потребни големи средства, а ако кажеме дека за тоа се задолжени само локалните власти, а без финсики сретдва тоа не е можно“, вели Незири.
Во државава има само една регионална депонија Дрисла, Скопје. Сите останати региони прават напори за изградба на вакви депонии.Од друга старна во светот отпадот с екористи како суровина за енергија, ние сеуште заостануваме на тој план, вели и привот човек на ЈП КОмуналан хигиен од Скопје, Ракип Дочи.
„За жал нивото на искористување кај нас е на ниско ниво, тоа не е едноставна работа.Во РМ иако се обидуваме да воспоставиме селективен отпад има категорија на граѓани кои го уништија сситемот , граѓани кои имаат егзистенцијални проблеми“, напоменува Дочи.
Охрид и Струга мака мачат со депониите и се наметнува прашањето дали општините ќе се договорат за регионална депонија.
„ Јас се надевам дека и Охрид и Струга тешко то ачќе го направат без помош на владата и ресорните министерства. Од друга страна и ние како ЛС треба да помогнеме во имплементација на ИПА2 да прибереме повеќе е пари за решавање на овој проблем“, напоменува Јанев.
Решавањето на проблемот со цврстиот отпад е и едно од барањата на ЕУ. Македонија беше обврзана да ги воведе европските стандарди за поеколошко управување со цврстиот отпад до 2013 година.
На Конференција насловена „Управување со цврст отпад“, домашни и странски експерти ги презентираат сопствените искуства од областа на управување со отпадот, како едно од најзначајните прашања поврзани со заштитата на животната средина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град