Охрид и љубезните луѓе ја заробија мојата душа, вели Сулејман Мулиќ од Тузла

Охрид и љубезните луѓе ја заробија мојата душа,  вели Сулејман Мулиќ од Тузла.

 |  Валентина Неловска  | 
Prof.Mulic
Prof.Mulic

Сулејман Мулиќ, професор од Тузла е  вљубеник во Охрид. Од неговите очи  блика искреност кога вели сум патувал насекаде во светот но ниедно место не ме освоило како вашиот град. Прекрасната околина, езерото,  но  најмногу од се гостопримството на луѓето. За кратко време тука веќе се спријателил со многу охриѓани.  Се нескриена радост ги набројува и останатите работи од кои е воодушевен, од музиката за која вели дека е најдобрата во светот, од виното,  храната.

„ Го обожувам гравчето-тавче, тоа  е најубавото јадење подобро дури од прочуениот кавијар. Тука е селското месо, пробав Охридска пастрмка, кашкавал, сарма, се е прекрасно , имаме слична храна.  Градот не го прават зградите, туку луѓето кои се прекрасни. Се чувствувам како дома, јас сум препороден. Ве сакам сите, ја сакам Македонија“, вели  Сулејман Мулиќ  од Тузла, БИХ.
Prof.Mulic
Професорот Мулиќ и неговата сопруга минатата година 6 пати престојувале во Охрид. Новогодишните празници ги поминале во Охрид и бил воодушевени од песната на Наум Петрески, а сега за Првомајските празници повторно е тука. Со нескриено задоволство вели планираме со сопругата да дојдеме повторно 15 дена во јули, па потоа пак  во август. Но за да дојдеме до Охрид , од Тузла има околу  1800 км, кажува Мулиќ.
„ Често патуваме со сопругата и нам ни недостасува брза комуникација. Би сакале авио превоз,  директен лет Тузла- Охрид или пак ако доаѓаме со кола до Скопје патот е во ред. Но, од Скопје до Охрид патната комуникација е лоша. Сметам дека добро би било да се поправи“,  укажува  Мулиќ.

Повозрасните босанци, од поранешната заедничка држава знаат за Охрид  дека е еден од најубавите градови во светот. Сака тоа да го видат и доживеат и младите луѓе од Босна преку организирање на  ученички екскурзии. Негова желба е да се скратат процедурите во неговата земја за организирање на ваков вид на патувања.  Младите босанци навистина има што да видат  тука бидејќи  Охрид е град на  Унеско со   богато културно наследство, вели професорот Сулејман Мулиќ.  

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top