Одржана презентација на Планот за одржлива мобилност

Во завршниот документ беа изнесени сите сработени активности започнати од 2018 година до денес. Изработката на Планот за урбана мобилност е стратешки документ според кој во иднина градот треба да се движи, вели раководителот на одделението за сообраќај.

 |  Валентина Неловска  | 

Во рамките на одбележување на Европската недела на Мобилност одделението за сообраќај при ЛС одржа презентација на Планот за одржлива мобилност. Изнесоа податоци што се сработиле досега. Зоран Шикалоски, раководител на одделението за сообраќај, напомена дека меѓу најважните активности е завршниот документ во кој Охрид од 2018 година е дел од мрежата за урбана мобилност за Југоисточна Европа, потоа соработката со Зелс и Гис и потпишувањето на меморандум за соработка.

„Планот за урбана мобилност ќе е стратешки документ кој ќе опфати работи за да се планираат и изработуваат на краток, среден и долгорочен период. Кога ќе го завршиме ќе направиме презентација и на тој план“, кажува Шикалоски.

Намерата на локалната самоуправа и на одделението за сообраќај е да изработиме квалитетен документ. Временската рамка ќе ја следиме онака како што ќе се изработува,  без брзање , додава Шикалоски.

„ Ова е документ во кој во иднина треба да се движи градот  и да ги планира и предвидува активностите во однос на годишните Програми за работа. Некои работи ќе се сработат годинава, некои до година , некои пак по 3 години. Но, мора да се  движат според планот за одржлива мобилност“, подвлекува Шикалоски.

Општина Охрид и остантите неколку општини од земјава кои се избрани за изработка на Планот за урбана мобилност утре ќе имаат презентација во Заедницата на единиците на локална самоуправа , а во рамките на одбележување на Европската недела на мобилност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top