• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Одбележани 76 години од смртта на охридскиот револуционер од НОБ Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход

Одбележани 76 години од смртта на охридскиот револуционер од НОБ Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход

Дуков како и 100 тина борци од Првата  Македонска  Косовска Бригада беа жртви на  белата смрт замрзнувајќи на планината Кожуф како дел од борбените походи на Народноосмободителната борба од Втората Светска војна за слободна Македонија. 

 |  Валентина Неловска  | 

ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца , претставници од ЛС , почитувачи на борците за слободна на Македонија од НОБ им одадоа почит на револуционерот Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход во 1944 година. Се одбележаа 76 години од двата настани , од смрта на Андон Дуков и изведувањето на Февруарскиот поход.

„Борбата зеде бројни жртви пред кој ние се поклонуваме и чие дело го славиме. На овој ден им оддаваме почит за нивната пожртвуваност, храброст, борбеност, истрајност и визија. Без почит кон минатото нема просперитетна сегашност ни подобра иднина. Денес им изразуваме вечна благодарност на борците кои со младите животи се втемелија во создавање на првата Македонска држава“, истакна во своето обраќање Гоце Георгиески, претседател на ОО на Сојуз  на борци од Охрид и Дебрца .

Андон Дуков и неговите соборци од Првата Македонска Косовска Бригада како дел од воената стратегија на Народноослободителната војска и ГШ учествувале во борбени активности под крајно сурови зимски околности, истоштени, гладни и боси.

„За 14 дена Првата Македонско- Косовска Бригада измина 300 км од Егејска Македонија до Велес и обратно водејќи непрекидно 10 дневни борби со надмоќниот непријател. Над 120 борци не је дочекаа долго очекуваната слобода , а 100 тина беа покосени од белата смрт, “ потсети Георгиески на историските настаните од НОБ од периодот од Втората Светска Војна.

Инаку, Андон Дуков е роден на 20 декември 1909 година во Охрид. Завршил резбарско училиште во родниот град, а уметничка академија во Белград. Таму учествува во напредниет студенски движења и станува член на КПЈ. Предавал уметност во Врањската гимназија, а по капитулацијата на Кралска Југославија во 1941 година се враќа во Охрид .Со првата провала на политичките активности во Охрид од Бугарскиот воен прек суд бил осуден на 12 и пол години строг затвор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top