Oдбележан Денот на АРМ

Oдбележан Денот на АРМ.

 |  Валентина Неловска  | 
arm
arm

Одбележан Денот на Армијата на Република Македонија. Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија  се одржа во Центарот за обука на вода во Охрид. Со пригоден говор на присутните  им се обратија  претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

„Вие почитувани припадници на АРМ ја продолжувате традицијата на баталјонот Мирче Ацев, формиран недалеку од тука на Славеј Планина, на денешен ден пред 71 година. АРМ е репрезент на сите напори и жртви кои биле дадени низ децениите и вековите за слобода мир, просперитет и развој на нашата татковина. Изградивме Армија   во која граѓаните имаат најголема доверба и е наша гордост,  рече министерот за одбрана Зоран  Јолевски. Сакам да истакнам дека АРМ , исто така , рамо до рамо со земјите членки и партнерите на НАТО -Алијансата и ЕУ придонесоа за зацврстување на мирот, слободата и безбедноста и надвор од нашите граници. Министерот Јолевски меѓу другото истакна дека  стратешката цел на АРМ е да стане полноправна  членка на НАТО алијансата.
ivanov
„Во соработка со нашите партнери и поддржувачи од НАТО алијансата спроведовме бројни реформи во одбраната. Со тие реформи воедно се подобруваат условите за работа и подготвеност на АРМ да одговори на современите предизвици и закани кон мирот и слободата. Паралелно со ова ние го поплочивме патот за наша полноправна интергарција во евроатланските структури“, напомена во својот говор, министерот Јолевски.

Слободата  и независноста не ни се подарени. За нив се изборија илинденците  и Асномците кои оставија завет, но и достојни поддржувачи на нивното дело, а тоа сте Вие , припадниците на АРМ.  Денес се потсетуваме на заветот  што не поврзува и обврзува, а тоа е дека Армијата постои за да ја чува нашата слобода ,  територијален интегритет и суверинитет, кажа пред присутните и врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

„ Како што вооружените сили имаат уставна обврска да го штитат територијалниот интегритет и независност на РМ , така и сите ние имаме обврска да им обезбедиме подобри услови на оние кои што не чуваат нас и нашите деца. Зад нас оставивме многу резултати, но пред нас има уште многу работа. Продолжуваме со одржување на реформска кондиција. Очекувам да се имплементира новата организациско -формациска структура на АРМ. Остануваме посветени на остварување на нашата стратегиска цел полноправно членство на РМ во НАТО.  Членство што одамна го заслуживме“,  порача од  Охрид, Иванов.
arm
 
На свеченоста  покрај претседателот и врховен командант  Иванов и министерот за одбрана Јолески, присуствуваа и  претседателот на Собранието Трајко Вељаноски,  началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, владини министри, претставници на дипломатскиот кор и воените аташеа акредитирани во земјата.
На пригодната свеченост по повод Денот на АРМ неколкумина заслужни старешни беа унапредени во повисоки воени чинови.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top