• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Од ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упатија обвинувања на адреса на директорката на ЈП Билјанини извори

Од ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упатија обвинувања на адреса на директорката на ЈП Билјанини извори

Бараат нејзина оставка, за како што велат, притисоците кои ги применила врз вработени за да гласаат за кандидатот на СДСМ.   

 |  Валентина Неловска  | 

Сашо Донев претседателот на ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Донев, при тоа кажа дека со уцени и притисоци врз вработените барала да излезат и да гласаат за кандидатот на СДСМ.

„Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен”. Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните претпријатија во Охрид за време на локалните избори? Зошто градоначалникот Константин Георгиески молчи и не ја разрешува директорката Јованоска или ќе и прости за тоа што му помогнала да победи на избори?“ праша Донев.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш неотповиклива оставка од директорката Јованоска, кажа Донев.

„Јавното обвинителство и надлежните органи да соберат храброст да се ослободат од притисоците и да го истражат случајот во кој има сериозни прекршувања на изборниот законик“, рече Донев.

Траги во системите од кои се праќани пораките постојат, сведоци на притисоците и уцените има. Бараме итна, неодложна и транспарентна истрага со видливи резултати, порача Сашо Донев претседател на ОК Вмро Дпмне.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top