Посебно граѓаните да се внимателни на излетиштата доколку нема карантин за време на првомајските празници. Викендов беше изгаснат пожар на отворено во Дебело поле во близина на Радојца Новичиќ. Поради невнимание при палење стрништа изгоре сува вегетација на површина од 20 хектари, а во опасност биле доведени и околните куќи.
Охридските пожарникари секоја година во овој период се соочуваат со интервеници на отворени пожари кои ги предизвикуваат граѓани кои ги палат на нивите за да се ослободат од сувата вегетација, вели Спасе Прентоски командир на ТПП. При тоа запалениот оган им бега од контрола и ја загрозува околината, напоменува командирот Прентоски. Апелира граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата, а посебно да се внимателни на излетиштата доколку нема карантин за време на Првомајските празници.
„Доколку бидеме ослободени и овој викенд на 2 мај се искористи како излетнички ден да се избегнува палење на оган на отворен простор. Доколку, пак палат да биде под нивна контрола по завршување на потребата да го санираат и да го затрупаат. Посебно во планинските предели од Охрид кон Љубаништа , кон Ресен и кон општина Дебрца“, повикува Прентоски.
Викендов гореше Дебело поле во близина на населбата Радојца Новичиќ. Од невнимание на несовесни граѓани при палење на нивите изгореле 20 хектари сува вегетација, а во опасност биле доведени и околните куќи на населбата Радојца Новичиќ, информира Прентоски.
„ППЕ интервенираше со 11 пожарникари и три возила на опожареното место. И покрај условите на забрана за движење од корона вирусот нашите обврски ги исполнуваме во скеој момент. Од јануари до сега вкупно сме интервенирале на 117 пожари. Просечно скоро секој ден сме имале интервенции иако некогаш дневно сме имале и по 3-4 интервениции“, инфромира Пренотоски.
Во првите три месеци од годинава пожарникарите од охридската ТППЕ интервенирале на 95 пожари што е за 100 пожари помалку во истиот период од минатата година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град