Oбвинувања од ОК на ВМРО ДПМНЕ за отчетот на градоначалникот Константин Георгиески

Остри реакции и обвинувања на ВМРО ДПМНЕ за отчетот на градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. 

 |  Валентина Неловска  | 

Според опозциската партија, една година Охрид нема градоначалник, а Георгиески се кити со туѓи перја.

-Георгиески е синоним за неработа, дивоградби и назадување на Охрид. Само лаги и празни ветувања, непосветено и недомаќинско работење. Му честитаме за огромната фотосесија и лично претставување небаре снима предизборен спот, наместо да даде вистински и транспарантен отчет пред граѓаните. Охриѓани видоа реализиран проект Бетонска база, на секој чекор дивоградби, никна нова депонија Мауцкер, огромен број кучиња скитници, нефункционални рампи, јавни претпријатија пред финансиски колапс, нови долгови, неисчистени улици, ниту еден дрворед, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Наспроти информациите изнесени во отчетот, ВМРО ДПМНЕ смета дека нема доволно вложувања во инфраструктурата и образованието.

Со СДСМ и Георгиески нема современи улици, нема безбеден сообраќај, но затоа има сообраќаен хаос. Со СДСМ и Георгиески наместо образовен бум има образовен срам и деградирани наставници, нема нови фасади за училиштата, ги нема ветените четири нови спортски сали. Охрид со СДСМ и Георгиески не доби современ градски Кеј и нов лик на плоштадот кај Чинарот. Со СДСМ и Георгиески нема нов Здравствен дом, реагира ВМРО ДПМНЕ.

Партијата ја критикува општината и за недоволно залагање за заштита на животната средина и нерешавање на проблемот со дивоградбите.

– Нема подобри еколошки стандарди, нема современи стандарди за одлагање отпад, нема локација за депонирање на градежен шут и цврст отпад и нема хуман третман за бездомните животни. Нема нови форми на туризам, но затоа има форми на уништување на туристичките места и загрозен статус на градот во УНЕСКО. Со СДСМ и Георгиески нема нов театар, а Охрид доживеа културна деградација. СДСМ и Георгиески не се грижат за децата, нема нови градинки, нема никаква реконструкција и изградба на детски и спортски игралишта,  смета ВМРО ДПМНЕ.

Опозцијата го критикува Георгиески и за политиките во спортот, кој според ВМРО ДПМНЕ бил на маргините, но и за неизградениот затворен базен и катни гаражи и го повикаа да си замине од функцијата градоначалник на Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top