Новинарите „И ние сме Кежароски“ одржаа протест пред Апелациониот суд.
Новинарите со поддршка за колегата Кежароски одржаа протест пред Апелациониот суд. Одлуката да се намали затворската казна за Кежароски, а не да се укине е срамна, рече Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. За нас единствена правилна одлука е да се ослободи Кежаровски, а не намлување на казната од 4,5 на 2 години, кажа Селмани.
„Ова е неправична одлука. Сметаме дека судот наместо да дели правда реши да направи политички калкулации. Наместо при одлуката за предметот да води сметка за правдта на еден новинар кој не направил ништо лошо туку открил злоупотерба на една јавна институција одлучил да го спаси образот на оние кои што направиле погрешна проценка пред 2 години кога мсилеле дека затвор за еден новинар во Макеоднија може лесно да помине“, кажа Селмани.
Одлуката за нас има за цел да покаже дека судот се смилувал за Кежаровски што му ја намалил казната, такви калкулации ние не прифаќаме, порача претседателот на ЗНМ, Селмани.
„ Затоа што и еден ден казна за невин новинар е голема казна која може да предизвика голема штета врз слободата на говор во Македонија. Апелациониот суд сака да не убеди дека државата никогаш не греши и сака да не обесхрабри како новинари да не ја вршиме основната фунцкција во едно општество и критички да ја опсервираме работата на јавните инститиции. Ако власта имаше намера да не застарши не ја постигна целта, не се исплашивме и сме солидарни со Кежаровски и неговата слобода е безусловна и сите ние сме Кежаровски, “посочи Селмани.
Правдата е на негова страна и ние ќе ја бараме до Стразбур, вели Селмани. Додава дека од вторник новинарите ќе излезат на протести се до негово ослободување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град