Нова техника за театарот и кино салата

Tехнички ќе се подновува охридскиот театар и кино салата.

 |  Валентина Неловска  | 
сала
сала

Со нова техника ќе се подновува охридскиот театар. Тоа значи збогум за застарената техника присутна на неговата сцена. Подновувањето е резултат на најавата Министерството за култура да ги осовремени  технички, театарските застарени сцени во земјава. Меѓу македонските театарски куќи се најде и охридската кој веќе една година има статус на народен театар. Застарената опрема од минатиот век со која во моментов располагаат актерите  ќе се замени со  најнова современа техника. Пред една година на барање од Министерството за култура, Центарот за култура направил анализа што е потребно за да се поднови и оваа театарска сцена. Драгана Боцевска, директорот на националната установа Центар за култура вели техниката е скапа работа и може да си ја дозволиме само со помош на ресорното министерстопрево.
„ Мора да се следи времето и да бидеме во тек со него. Покрај содржината кој ја прикажуваме, мора да сме во тек и со техничките достигнувања. Тоа е неминовно и во културата и во уметноста. Се радуваме што наоѓаме разбирање кај Министерството за култура за техничкото опремување“.

Покрај театарот, ќе се осовремени и техниката на кино салата. Од поодамна, техничката опременост во нашите кино сали споредена  со светските, е за во музеј. Ресорното министерство
најавува осовременување на техниката и за охридската кино сала, вели Боцевска.

„Дигитален кино проектор е потребен затоа што филмовите во светот се снимаат со таква опрема, а кино проекторите кои сега се користат во кино салите кај  нас се застарени и за 5 години ќе бидат вон употреба.“

Проектот за подновување на театарските сцени, меѓу кои и охридската,  ќе се спроведува етапно во фази во текот на трите наредни години. Додека, пак,  дигиталзиацијата на кино салата ќе има приоритет и се планира да се осовремени  до крајот на 2012 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top