Зоран Ногачески, градоначалникот на општина Дебрца даде отчет за двогодишниот мандат и сработените проекти. За овој период се реконстрирани и асфалтирани голем број локални патни правци, изградба на водоводна мрежа, како и бројни проекти кои се во насока на развој на посакувана рурална туристичка дестинација, кажа при тоа Ногачески.
Зоран Ногачески, градоначалникот на општина Дебрца, даде отчет за двогодишниот мандат и досега сработените проекти. Кажа дека повеќето проекти кои им ги ветиле на граѓаните и ги реализирале. Пред се тоа се домаќинско, одговорно и транспарентно управување со општинските ресурси, рече на отчетот Ногачески. Наша заложба е Дебрца да биде еколошки чиста средина и заштитено историско и природно наследство и просперитетна туристичка дестинација.
„Донесовме интегриран план за локален развој, локален економски акционен план, стратегија за енергетска ефикасност на општината, а во завршна фаза е изработка на Физибилити студијата за реконструкција и модернизација на јавното осветлување на општината. Во завршна фаза сме со донесување на Урбанистичките планови за сите населени места за локален економски развој“, истакна Ногачески.
Во своеото обраќање Ногачески наведе и бројни сработени проекти. За двогодишниот период ги напомена реконструираните патишта и подобрување на патната општинска мрежа и водоводната инфраструктура, реконструкција на училиштата, санација на општински објекти во месните заедници, инвестции во спортската инфраструктура, инвестиции во квалитетна комунална услуга, како и бројни проекти кои се во насока на развој на посакуваната рурална туристичка дестинација.
„Морам да ги споменам двата прекугранични проекти за соработка. Едниот е со Грција во висина од над 219.000 евра за реконструкција на објект во Белчишта наменет за изложбен музеј на ретка флора од Белчишкото блато. Другиот е од меѓуграничната соработка со Албанија за реконструкција на училишната згрда во Брежани за изградба на планинарски дом, за чија намена се определени 85.000 евра, како и набавка на возило за спасување на планина“, истакна Ногачески.
Градоначникот во својот отчет за работата кажа дека за својот мандат не потрошил нити еден денар за репрезентација, а доделил еднократни субвенции за новороденчиња во општината во висина од 398.000 денари и за склучени бракови во висина од 66.0000 денари. Поддржале бројни училишни, културни и спорстки манифестации, а како општина се единствени кои обезбедиле бесплатен оброк за основците од општината во изминативе две години во висина од 2.800.000 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град