Силниот ветар од јужен правец што вчера попладнето и ноќта го зафати Охридскиот регион повторно го разбранува Охридското Езеро предизвикувајќи високи бранови што наместа ги префрлаа бетонските бариери на езерскиот Кеј.
Поголеми проблеми не се предизвикани, освен на местата каде нема физичка можност водата сама да се врати во езерото, а Колекторскиот систем за негова заштита нема доволно капацитет наеднаш да прими толкави количини. Со намалувањето на брзината на ветерот ситуацијата се нормализира и водата повторно се врати во езерото.
Од брановите повторно настрадаа некои угостителски објекти поставени на самата крајбрежна линија на потегот од градското пристаниште кон Канео.
Оштетени се одредени стари дрвја, некои ламаринени покриви, а ветерот откорна и дел од трската кај локалитетот Мазија.
Нивото на водата во езерото е над критичната кота од 694 метри надморска височина и веќе се прелева над одредени места на Кејот на езерото во Охрид.
Екипите на ЈП „Охридски комуналец“, како и минатиот пат кога овој регион го зафати силен ветер, и сега од раните утрински часови работат на отстранување на ѓубрето што езерото го исфрли на брегот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град