Вечерва, нешто по 18 часот, меѓу Струга и Калишта, се преврте скутер на вода при што едно лице почина, а друго е тешко повредено.
Според првичните информации, скутерот се превртел во езерото на потегот меѓу Струга и Калишта на оддалеченост од 500 метри од брегот, при што загиналo 28-годишно момче, возач на скутерот, а неговата сопатничка доживеала нервен слом.
Истражните органи работат на откривање на причините за превртувањето на скутерот. Неофицијално дознаваме дека загинатото момче е дечкото на албанската пејачка Биг Мама.
Спасувачи на плажата за ТВМ откриваат дека настанот се случил откако се превртел скутерот на кој што се возеле пејачката и нејзиното момче, по што Момчето удрило со главата во скутерот, а од силината на ударот веднаш потонало на 6 метри длабочина во езерото. И покрај тоа што спасувачите пристигнале веднаш, и момчето било пренесено во општата болница во Струга, сепак тој им подлегнал на повредите околу 20.00 часот.
Екипи на СВР, истражен судија се сеуште на терен и работат на расветлување на причините за несреќата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град