Нема спортски активности во СРЦ „Билјанини извори“

Нема спортски активности во СРЦ „Билјанини извори“ .

 |  Валентина Неловска  | 
сала
сала

Спортско рекреативниот центар Билјанини извори две недели нема струја. Со тоа се доведени во прашање  работата на службите на салата и на спортските активнсоти кои се одвиваа таму. Прекинати се во моментов спортските натпревари во футсал за градските основни и средни училишта.

„Ние како колеги  и професори  минатата сабота се собравме и сметавме дека ќе може да одржиме едно коло. Но, сите колеги од средните училишта зазедовме став дека нема светло за да се реалзира колото за да не дојде до повреди на учениците на натпреварите. Заклучивме дека продолжиме штом ќе се обебедат услови. Има најава дека лигата ќе се одигра во спортскиот центар „Климент Колески“ за да му се овозможи на победникот на лигата да учествува во зонскиот натпревар закажан за 4 или 5 декември, но до сабота ќе имаме информација“, вели професор Наум Јамандиев, претседател на спорстка училишна лига за  футсал.

салаИсто така и Ракоментиот клуб Охрид ги прекина тренинзите во спортскиот центар Билјанини извори. Тренерот на клубот  Горан Андоноски за ТВМ изјави дека подгоотовките ракометарите ги одржуваат во спорстката сала во  Велгошти. Андоновски кажа дека иако оваа сала за ракометрите име е подалеку, таа е  единствениот  спортски објект кој ги има потребните стандарди за тренирање, останатите училишни сали во градот не гизадоволуваат стандардите затоа што се мали.

Во спортската сала Билјанини извори се одвива и дел од наставата на спортските паралелки од средното угостителско училиште Ванчо Питошески. Фудбалерите ги користат надворешните терени и според наставната програма  тренинзите ќе им бидат надвор без разлика на временските услови, информира Проф  Љубе Мешкоски.

салаТој објаснува дека во салата  се откажани само часовите по фитнес кој се изведувале во Билјанини извори. Сега се изведуваат во друг фитнес клуб, информира проф. Мешкоски. Не успеавме да го исконтактираме неговиот колега Јаковче Матлиоски задолжен за спортската  паралелка  во ракомет дали и како немањето струја во спортската сала се одразува на одвивањето на наставната прогарама.        
Директорот на Јавното претпријатие Билјанини извори,  Ристе Мише за ТВМ кажа дека работат на решавање на проблемот. До управниот одбор на ЕВН доставиле план за решавање на проблемот, но досега од таму не се произнеле по нивниот предлог.
Инаку, спортската сала по втор пат оваа година останува без електрична енергија заради неплатен долг кон  ЕВН  во висина од околу 8 милиони  денари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top