И понатаму само двајца педијатри обавуваат амбулантски прегледи. Загрижувачка е состојбата и на гинеколшкиот оддел каде што само еден педијатар неонатолог се грижи за здравјето на новороденчињата.
Охридската Општа болница не доби педијатри за да продолжи со работа детското одделение иако помош за надминување на проблемот беше најавена од ресорното министерство. Потребно е засилување на лекарскиот тим со најмалку двајца педијатри за да функционира болничкиот оддел, а охриѓанчињата да не се препраќаат на одделот во струшката Општа болница, вели директорот Горан Балески.
Нема промени на детското одделение. Има само амбулантска служба, а во вечерните часови пациентите одат на детското одделение во струшката Општа болница. Немаме добиено помош нас ни треба педијатар со завршена специјализација – истакна Балески.
Со осипување на специјалистички кадар се соочуваат и другите болнички одделенија. Таков е случајот и со неонатолозите при гинеколошкото одделение на кое од четворица специјалисти сега за здравјето на новороденчињата се грижи само една лекарка.
Имаме една докторка неонатолог и дежурен анестезиолог за Охрид и Струга. Ги покриваме итните ургентни случаи детската педијатрија, интерно, акутните паталогии – додава Балески.
Во моментов само една лекарка ја прифатила понудената специјализација од објавените три специјализации за охридските лекари. Станува збор за една од најспецифичните специјализации која не е многу примамлива за лекарите, не само од Охрид, туку и во земјава. Покрај педијатријата и инфектологијата е специјалност за која нема интерес кај охридските лекари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град