Нема да се повлечат Лабуништани кои протестираат против каменоломите

На концесионерите им порачаа да не применуваат заплашување туку да се повлечат. Чекаат посета од ресорните министри и инспектори за да им кажат дали е во ред да се дава дозвола на 7 каменоломи во близина на само 50тина метри од изворите од каде селото се снабдува со вода за пиење.

 |  Валентина Неловска  | 

Нема да се повлечеме се додека не замине механизацијата на концесионерите, порачаа лабуништани кои со денови протестираат и кампуваат против експлотацијата на каменоломите на Стрижак. Нашето село се соочува со сериозен еколошки проблем и бараме институциите да го решат нашиот проблем, повикуваат жителите на Лабуништа.

„ Имаме извори од кои се снабдуваме со вода и целосно селото ќе ни го уништат. Нема повлекување каменоломите да се повлечат милум или силум. Додека не се одземат дозволите за концесија  ние не се повлекуваме .Продолжуваме со овој прoблeм да го решиме и ќе прoдолжиме нaдолу кон сите каменоломи. Имаме големa мака. Лабуништа нема каде да се сели“.

Очекуваат посета од ресорните министри и инспектори за да им кажат дали е во ред да се издава дозвола на 7 каменоломи во близина на само 50-тина метри од изворите од каде селото се снабдува со вода за пиење. Ние не се плашиме од заканите, му порачуваат на еден од концесионерите.

Да не мислат од компанијата Илинден дека ние ќе се повлечеме. Донесоа некој боксери да не заплашат. Им порачуваме не може да не заплашуваат туку повеќе не мотивираат со такви потези.И кај народот има уште повеќе револт. Ние сме на мирен протест и не сакаме немири “.

Пред неколку дена, Месната заедница од Лабуништа поднела претставка до Премиерот, Генералниот секретар на Влада, до Владата, Министерство за животна средина и Министерство за економија на Република Северна Македонија со иницијатива за поведување постапка за оценување на законитост на Одлуката за давање под концесија за каменоломите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top