Многу од нив не знаат и не размислуваат како да придонесат во заштита на климатските промени кои ни се случуваат. Екологистите дошле до овие сознанија од средбите со дел од граѓаните преку проектот „Иднина за климата, одлучи, дејствувај“.
Жално е што младите, но и повозрасните граѓани се мошне слабо информирани како да придонесат во заштитата од климатските промени, информираат еколозите од ЕД Грашница. Ова е генералниот заклучок од средбите кои ги имале со граѓани и ученици во рамките на проектот кој го спроведувале на тема „Иднина за климата, одлучи, дејствувај“. Целта на поректот е едукација на граѓаните, земјоделците и учениците за заштита на климатските промени, вели Борис Џајкоски член на ЕД Грашница. Младите покажаа интерес за темата , но и доста не информираност. Екологистите предлагаат образовни емисии на ТВ и проширување на наставната програма со теми за животната средина. Имале средба и со земјоделци од Горно Лакочереј и Орман. Тие споделиле стари веќе заборавени земјоделски практики кои некогаш ги применувале нивните предци на овие простори.
„Позитивно беше тоа што земјоделците дадоа добри примери за третирање на земјоделските растенија со природни средства. Мене ми остави впечаток копривата која ја ставале во буре со вода, и по извесен период правеле концентрат кој потоа го растварале и употребувале за прскање кој бил мошне ефикасен“.
Екологистите предлагаат поголема едукација и развивање на свеста кај граѓаните за зачувување на природата. Укажуваат на потребата од промена во нивното однесување кон животнаат средина кон поголема грижа кон природата. Само така ќе придонесат за намалување на штетните ефекти од климатските промени кои ни се случуваат, вели Џајкоски.
„Се случува во Охрид иако е мал град за излегување во град , 90 посто од нашите пријатели, роднини, наместо пешки до чаршија одиме со кола, ќе свртиме три круга за најдеме слободен паркинг и во тоа време од издувните гасови сме ја загадиле животната средина. Учениците да возат велосипеди, да собираат хартија за рециклирањe, да не се палат стрништата тие предизвикуваат многу загадување“.
Корона пандемијата ги редуцирала и одложила годинешните планирани средби и состаноци. Екологистите одржуваат он лајн состаноци, но велат поважни им се физичките средби за да го пренесат искуството преку разговор, нагласува Џајкоски. Еколошките друштва Грашница и Треска од Македонски Брод се дел од проектот „Иднина за климата, одлучи, дејствувај“, а носители се ЕД „Молика“ од Битола. Проектот ќе трае и наредната година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град