Службата за трансфузиологија во Охрид целосно е преземена од одделението коешто се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, информира министерот за здравство Венко Филипче. Персоналот на РЕ трансфузологија е во домашен карантин откако имале контакт со пациент кај кого е откриен корона вирус.
Службата за трансфузиологија во Охрид целосно е преземена од одделението кое што се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Трансфузиолошкото одделение во Охрид е затворено. Епидемиолозите одлучиле 10 мината вработени лекари, медицински и помошен персонал од одделението да бидат во домашна изолација. Иако сите вработени не биле во директен контакт со пациентот кој подоцна бил дијагностициран со Ковид 19 се наоѓаат дома, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека во моментов во Охрид има доволно единици крв и крвни продукти и во ниту една болничка установа снабдувањето со крв не е загрозено.
„Целосно е превземена службата за трансфузиологија од одделението кое е во специјалната болница Св. Еразмо. Крвоснабдувањето во ниту една болничка установа во Охрид не е загрозено. Функционира дел за одредување на крвна група, кој се потврдува со системот за телемедицина кој со години работи во рамките на трансфузициона медицина која работи под раководство на Институтот за трансфузиологија во Скопје“, информира министерот Филипче.
Вработените пред 4 дена дознале дека на 10 март овој месец имале контакт со заболениот пациент кај кој бил откриен коронавирусот. Трансфузиолозите работеле скоро една недела со други пациенти без да знаат дека пациентот кој бил на преглед кај нив има коронавирус.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град