Најсовремени медицински апарти за детското одделение донација на ротаријанците

Најсовремени медицински апарти за детското одделение  донација на ротаријанците.

 |  Валентина Неловска  | 
detsko oddelenie
detsko oddelnie

Современа медицинска опрема ќе биде донирана за детското одделение во Општа болница. За потребите на најмладите пациенти ќе бидат набавени најсовремени  ехо и екг апарати, микроскоп, инфизиони пумпи. спирометри, пулсометар, отоскоп. Донацијата во висина од 60.000 долари е на Ротари Интернационал. Набаваката на опремата беше во координација со  педијатрите со кои дојдовме до заклучок што е потребно на ова одделение,  вели охридскиот педијатар и пас президент на Роротари клубот , д-р Никола Филев.  Со оваа опрема ќе се доближат стандардите на одделението до европските земји и нема да има потреба малите пациенти да се испраќаат на скопската клиника, објаснува д-р Филев.detsko

„ Опремата ќе биде како што е на клиника и кај нас. Понатака едукацијата на колегите ќе мора да биде на ниво, оваа современа опрема бара и знаење. Педијатрите  се подготвени  да се дообучат за овие апарати да  функционираат потполно.Тоа ќе е  на задоволство на колегите од детското одделение и на нас Ротари клубот, Toa  нашата цел во духот на ротаријанството, доброчинителството да се помага општествената заедница“, вели д-р Филев.

Проектот  опремување на детското одделние се изведува како Глобал грант на  Ротари Интернационал. Донацијата е заложба на  Ротари клубот Охрид и  соработката со нивната федерација, како и со шведските, италијанските и српските  клубови и дистрикти, напоменува Будимир Соколовиќ, претседател на охридскиот  Ротари клуб. Соколовиќ ги повикува сите хумани луѓе да учествуваат на  донаторската вечер што ќе се одржи утревечер за да дадат придсонес во вакви проекти за својата заедница.  
detsko
„ Хуманоста на луѓето во Македонија е на високо ниво. Јас би сакал само да се разбие митот за Ротари, дека тоа не е чудна органзиација и тајна. Таа е организација на луѓе кои сакаат да дадат нешто повеќе за својата заедница. Тука  се група на луѓе професионалци и лидери во своите бизниси и работа кои дел од своето време и знаење го даваат за развој на општествената заедница.“

Во девет годишното постоење на Ротари клуб Охрид се реализирани повеќе значајни проекти за градот.  Досега се опремени 6 апартмани на детското одделение во општа болница и изграден е Скејт паркот. Охридските ротаријанци и со најновата донација покажауваат дека ќе го помагаат развојот на општествената заедница. Охриѓани можат да се приклучат во акцијата за опремување на детското одделение на донаторската вечер која ќе се одржи утревечер во хотел Гранит со почеток од 20 часот и 30 минути. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top