Со музички случувања, изложби, промоции на книги и спортски активности ќе се промовира неповторливата труистичка населба Трпејца.
Со музички случувања, изложби, промоции на книги и спортски активности ќе се промовира неповторливата туристичка населба Трпејца. Здружението на граѓани „Со љубов за Трпејца“ се зафати со организација на бројни културни активности за да ја направи населбата попривлечна за луѓето кои потекнуваат од тука, но и за сите нејзини вљубеници. Преку манифестацијата „На Зајдисонце“ ќе се даде поголема живост на неповторливо, убавото езерско место, вели Милчо Јованоски, портпарол на здружението. Идејата се роди спонтано од луѓе кои потекнуваат од Трпејца, нагласува Јованоски.
„Ние ќе имаме сили и љубителите на Трпејца ќе ни помогнат да направиме нешто подобро и поквалитетно. Наша намера е да го заживееме ова туристичко место и да им помогнеме на луѓето кои живеат од туризмот и угостителството “
Манифестацијата „На зајдисонце“ започнува со изложба на фотографии од Никола Павлески и промоција на неговата книга „Веселото кајче“. Филип Неделкоски на гитара ќе ги анимира сите љубители на музиката. Се најавува одржување на бројни активности од областа на спортот, културата, забавата и вечерна променада со кајче по езерото. Манифестацијата е поддржана од Месната заедница, црковниот одбор и од Локалната самоуправа, како и од бројни спонзори и поединци кои потекнуват од Трпејца. Манифестацијата стартува од 20 јули , во петок со почеток во 20 часот и ќе трае до 28 јули.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град