На геријатрија се бара кревет повеќе

Брзото и новото темпо на живеење наметнува нови потреби на населението за лекување и нега од ваков тип на болничко сметување.

 |  Валентина Неловска  | 
geri
geri

На одделението за геријатрија се бара кревет повеќе. Брзото и новото темпо на живеење наметнува нови потреби на населението за лекување и нега од ваков тип на болничко сметување. На геријатрија во моментов располагаат со капацитет за сместување од 30 пациенти. Оваа бројка не ги задоволува потребите и барањата на граѓаните, вели директорот на Општа болница Љубен Арнаудов.

 „Нашите анализи покажуваат дека во моментов на Охрид му се потребни од 70 до 100 болнички кревети. Посебно внимание водиме за пациентите на кои с ена лекување во геријатрија. Повеќето од нив се долго лежечки пациенти со хронични болести кои бараат посебен третман при лекувањето“, наглаува д-р Арнаудов.

star Пациентите кои ги користат услугите на геријатриското одделение имаат комбиниран третман на болничко и домашно лекување. За услугите на ова одделение Фондот за здравство партиципира со 750 денари по пациент, а пациентите издвојуваат месечно по 15.500 денари за престој на одделението.

Со тие пари се трудиме да им обезбедиме максимално пристојни услови за живеење и за пружање медицинска нега. Добиваат 5 оброци дневно, медицинска нега од сите лекари од болницата, а се трудиме да имаат и анимација во социјалниот живот“, појаснува директорот на Општа болница.

 Менаџерскиот тим на болницата има во план да го реши недостатокот од сметувачки капацитет на геријатрија. Директоторот Арнаудов веќе ги алармирал надлежните институции од потребата за проширување на овој оддел. Во првата фаза е ублажување на проблемот со проширување на одделението за 20 до 30 болнички крвети, а втора фаза е доградба на објектот во зависност од финансиските можности кои ќе бидат ставени на располагање, вели д-р Арнаудов.

{loadposition content9}

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top