На Долни Сарај ќе се гради градска репрезентативна куќа

На Долни Сарај ќе се гради градска репрезентативна куќа.

 |  Валентина Неловска  | 
д сарај

Градска куќа ќе се гради на просторот на Долни Сарај. Во тек е постапката за избор на идејно архитектонско решение кое го објави локалната самоуправа, информира Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид. Просторот ќе се оплеменува, а идејното решение треба да има историска нишка и да  го претставува поранешниот објект кој тука некогаш постел.

д сарај„ На овој простор во минатото имало градба поврзана  со големата карпа и езерото. Според некои документи се излегувало и на мало пристаниште на езерото. Идејата на ЛС е благородна од причина што на цел овој простор сакаме да му дадеме нов изглед , да биде согласно архитектонски урбанистички проект кој ќе одговара на извод од Генерланиот урбанистички план“, информира Џамтоски.

Покрај градската куќа  која ќе се гради според скица на поранешениот изглед на објектот, ќе има и пропратни содржини. Објектот ќе треба да има приземје и два ката. На приземјето треба да има национален ресторан со етно музеј, резиденцијални апартмани и сала за прием во функција на општината и и други културни институции, со што Долни Сарај ќе добие нов лик.  Градбата има зелено светло од Завод и музеј, вели Џамтоски.

д сарај

„Неодамна Завод и музеј го реконструираат ѕидот од јужната страна кон езерото. Градбата ,  несомено ќе биде во соработка со Завод и Музеј и  сите активности кои ги правиме во однос на изградбата на идејното решение“, напоменува Џамтоски.  

Конкурсот за избор на идејното решение ќе трае до 15 април. Локалната самоуправа најдобрите три ќе ги награди со паричен износ во висина од 90.000, 60.000 и 30.000 денари со право да ги откупи идејните решениe на најдобрите автори.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top