На денешната седница охридските советници прашуваа, а градоначалникот одговараше

На денешната седница охридските советници прашуваа, а  градоначалникот одговараше. Имаше прашања од сите општествени сфери од  живеењето во градот и од работата на ЈП. Повторно беше актуелизиран проблемот со колекторот и кој да   стопанисува со него.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските советници на денешната седница прашуваа, а градоначалникот одговараше. Од говорницата се слушнаа бројни актуелни прашања од сите сфери на општественото живеење на Охрид. Гордана Коњаноска, советничката од редовите на Вмро дпмне постави праашње поврзано со лошата состојба во кој е колекторскиот систем.

„ Дали се работи нешто во насока на координација помеѓу локалната и централната власт околу грижата за колекторскиот систем. Какви треба да се нашите очекувања во таа насока“, праша советничката  Коњаноска.

За ова најгорливо еколошко прашање за градот градоначалникот Јован Стојаноски пред советниците го отвори прашањето дали колекторскиот систем да се даде под концесија или проблемот да го решава централната власт. Мојот предлог до премиерот беше да го примениме принципот на концесија бидејќи има заинтересирани компании од Унгарија, Израел и Хрватска. Сите тие работат долго во овој бизнис и веќе дадоа свои предлози како да го стават во функција колекторот, рече Стојаноски.

„ Моето искуство и искуството од претходната власт е ако чекаме на централната власт нема да има исход. Мојот предлог до премиерот беше да одлучиме заедно во зависност од понудите на тие 4 навистина бонитетни фирми со огромно искуство во дејноста низ светот. Една од нив е државно претпријатие од Будимпешта. Сите тие дадоа солуција како да го решат проблемот зошто тоа за нив е бизнис“, напоменува Стојаноски .

Инаку, градот подолго време чека помош од државата за да го преземе во управување колекторскиот систем. Охрид и Струга не се финансиски моќни тековно да го одржуваат и да инвестираат во него. Во сложена ситуација за која скоро нема решение е и делбениот биланс на МЈП Проаква која стопанисува со колекторот и неможе да се подели на три јавни препријатија. Камен на сопнување е заедничкиот кредит кој од оправдани причини РЕ Водовод Струга не сака да го плаќа, а ни Министерството за фианансии не сака да ги преземе кредитните обврски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top