52 -то издание на Фестивалот „Охридско лето“ завршницата во драмскиот дел ќе ја има премиерно со мјузиклот „Декамерон“.
52 -то издание на Фестивалот „Охридско лето“ завршницата во драмскиот дел ќе ја има премиeрно со мјузиклот „Декамерон“. 13 врвни македонски актери од МНТ и од Театарот за деца и младинци, глумат, пеат и танцуваат во премиерниот проект под водство на бугарскиот режисер Боњо Лунгов. Познатиот режисер проговори за состојбите со овој жанр на нашите простори. Традиција за мјузикли нема, парите секогаш не се пречка ама режисерите тешко се одлучуваат да ги постават на репертоар. Режисерот се осврна на проектот кој го работеше со актерите од двата македонски театри . Немав чувство дека припаѓаат на две различни театарски куќи, вели Лунгов.
„Се случи редок спој , имав чувство дека актерите се од една театарска куќа. За да направат театарска престава побарав најпрво да направат радост за нас. Сите направија проектот да биде реализиран во многу краток рок иако мјузиклот на Балканот не е многу развиен и не се прави лесно“, напоменува Лунгов.
Актерите ветуваат добра престава во која посетителите ќе уживаат во веселиот текст на Бокачовиот „Декамерон“. И двете актерки од различни театарски куќи, Тања Павлоска Кочоска и Арна Шијак, се воодушевени од тимската работа во мјузиклот.
„Задоволство е да се работи и со режисерот Боњо Лунгов, но и со колегите од МНТ. Се случува кога гостуваме луѓето да кажат се согласувате и работите како еден. Публиката и сега ќе има можност да види дека функционираме како еден и во овој проект“, открива Кочоска.
Актерите од Театрот за деца и млади имаат долго годишна соработка со режисерот Лунгов, а и претходни изведби во живо како мјузиклот „Спомени во ноќта“.
За актерите од МНТ, пак овој мјузикл е прво искуство. За соработкта со режисерот Лунгов актерката Шијак ќе рече дека е многу лесно да се работи со човек кој знае што сака и како тоа да го добие од актерите.
„Проектот беше драгоцен за сите нас. Работевме и се чувствуваме како дел од новата историја на МНТ. Претходно никој од колегите немал можност да се проба себе си во поинаков сонуван сон и друга естетика“, кажува Шијак.
Мјузиклот „Декамерон“ ќе биде одигран вечерва на сцената во Центарот за култура. Костимографијата и сценографијата се на Дилјана Прванова, кореографијата на Констатин Каракостов, а музиката на Михаил Чичков. Преводот и препевот на текстот се на македонскиот поет Никола Маџиров. Покрај останатите актери улогите ги толкуваат Тања Кочоска, Јелен Јованова, Арна Шијак, Мики Анчевски, Бојан Кирковски, Магдалена Ризова и др.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град