На охридското крајбрежје и во рестораните има се помалку елитни гости.
На охридското крајбрежје и во рестораните има се помалку елитни гости. Љупчо Патчев, познатиот охридски угостител од ресторанот „Далга“, со повеќе децениско искуство, нагласува дека во последните години многу е сменета структурата на гостите кои претсојуваат во Охрид. За гостите кои трошеле пари во Охрид, некогаш и денес, Патче вели дека сега градот го посетуваат гости со поплиток џеб. Патчев вели туризам има само во Скопје. Во светиот град, како што се нарекува Охрид со 365 -те цркви, не може да се развива елитен туризам каде што се мешаат Хозе Карерас и српска фолк музика.
Патчев, додава дека во Охрид само на 12 јули на отварањето на Охридско лето има елитни гости, а другите на кои се радуваме дека ќе дојдат се од посиромашна класа. За ваквите состојби во туризмот во последните години во Охрид, познатиот угостител вели дека виновни сме сите, почнувајќи од државата, Локалната самоуправа па се до самите угостители.
Елитни или посиромашни, се поставува прашањето колку трошат туристите во Охрид? Нашата потрагата по одговор, колкав приход е остарен од туристички промет во охридското угостителство и хотелиерство во минатата година остана безуспешен. Останавме без статистички податоци.
Од секторот за туризам и локален економски развој велат дека тие располагаат со податоци за туристички промет кои ги водат сами во рамките на нивните ингеренции. Кај нив има релевантни податоци за бројот на посетители по месеци, структура на гости домашни и странски, земјите од каде што доаѓаат странците, бројот на реализираните ноќевања и оставрениот приход од туристичка такса. Но, статистички податок за туристички приход од промет во угосителството, хотелиерството и трговијата нема. Раководителот на Тлер , Гоце Симоноски за оваа состојба со коментар дека сите туристички субјекти се даночни обврзници и Управата за приходи и Министерството за финасии ги праќаат податоците во Дражвниот завод за статистика кои понатака ги објавува.
На веб страната од Државниот завод за статистика податоците за туризмот се бајати. Последните податоци за туристичкиот промет на југозападниот регион има од 2009 година без да постои податок по градови. Така, ако земеме предвид дека ја туркаме 2012 –та година, секаков коментар е непотребен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град