Мирна новогодишна ноќ во Охрид


Итната медицинска помош имала намален број на интервенции. При полициските контроли не се евидентирани прекршувања на пропишаните безбедносни мерки за заштита од ковид 19.

 |  Валентина Неловска  | 

Дочекот на Новата Година протекол мирно во Охрид и околината. Тоа го потврдуваат и малиот број интервенции кои ги имале лекарите од Итната медицинска помош за разлика од досегашните искуства кои ги имале при рабоата во текот на новогодишната ноќ. Д-р Рената Иваноска од службата 194, информира како протекла изминатата ноќ.

„Имавме околу 10 тина повици за разлика од лани и изминатите години и се поминало во најдобар ред. За разлика од очекувањата сме поминале супер. Повиците се однесувале на хипертензија и пациенти со пијанство, но со помал број на интервенции за разлика минатите години и со оглед на состојбата со корона вируст.“

При славањето на Новогодишната ноќ граѓаните покажале совесност и одговорност во почитување на пропишаните мерки кои се на сила во земјава за заштита од ковид 19. На бесплатниот телефонски број и меил адресата на МВР не биле пријавени групирања и собирања за прослава на Новогодишната ноќ.

И при контролите кои ги имале полициските службеници не биле откриени прекршувања на пропишаните рестриктивни мерки , информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

„СВР Охрид вршеше котроли во текот на новогодишната ноќ по хотелско-угостителските објекти, приватните станоиздавачи во одредени делви во централното градско подрачје и во периферијата во вили и апартмани. Не се евидентирани групирања и недозволено собирање со цел организирана прослава во текот на Новогодишната ноќ“.

Во делот од безбедноста на патниот сообраќај, исто така, се вршени контроли на повеќе места во градот и во приградските населби. Било откриено едно лице кое управувало моторно возило во алхолизирана состојба. Во првиот ден од ова година во утринските часови во 3 часот и 10 минути, на  улицата Радојца Новичиќ се случила една сообраќајна несреќа. Возач на моторно возило југо, со охридски регистарски таблики, излетал од коловозот и се здобил со телесни повреди , информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top