Итната медицинска помош имала намален број на интервенции. При полициските контроли не се евидентирани прекршувања на пропишаните безбедносни мерки за заштита од ковид 19.
Дочекот на Новата Година протекол мирно во Охрид и околината. Тоа го потврдуваат и малиот број интервенции кои ги имале лекарите од Итната медицинска помош за разлика од досегашните искуства кои ги имале при рабоата во текот на новогодишната ноќ. Д-р Рената Иваноска од службата 194, информира како протекла изминатата ноќ.
„Имавме околу 10 тина повици за разлика од лани и изминатите години и се поминало во најдобар ред. За разлика од очекувањата сме поминале супер. Повиците се однесувале на хипертензија и пациенти со пијанство, но со помал број на интервенции за разлика минатите години и со оглед на состојбата со корона вируст.“
При славањето на Новогодишната ноќ граѓаните покажале совесност и одговорност во почитување на пропишаните мерки кои се на сила во земјава за заштита од ковид 19. На бесплатниот телефонски број и меил адресата на МВР не биле пријавени групирања и собирања за прослава на Новогодишната ноќ.
И при контролите кои ги имале полициските службеници не биле откриени прекршувања на пропишаните рестриктивни мерки , информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
„СВР Охрид вршеше котроли во текот на новогодишната ноќ по хотелско-угостителските објекти, приватните станоиздавачи во одредени делви во централното градско подрачје и во периферијата во вили и апартмани. Не се евидентирани групирања и недозволено собирање со цел организирана прослава во текот на Новогодишната ноќ“.
Во делот од безбедноста на патниот сообраќај, исто така, се вршени контроли на повеќе места во градот и во приградските населби. Било откриено едно лице кое управувало моторно возило во алхолизирана состојба. Во првиот ден од ова година во утринските часови во 3 часот и 10 минути, на улицата Радојца Новичиќ се случила една сообраќајна несреќа. Возач на моторно возило југо, со охридски регистарски таблики, излетал од коловозот и се здобил со телесни повреди , информираат од СВР Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град