• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Министерството за култура одобри средства за замена на крововите и конзервација на фрескоживописите во три цркви

Министерството за култура одобри средства за замена на крововите и конзервација на фрескоживописите во три цркви

Од Завод и музеј прават подготвки за санација на кровни конструкции на неколку заштитени објекти во приватна сопственост во старото градско јадро. Од таму ги посочуваат како приоритетни потребите и од санација на Музејот во Заливот на Коските и бедемите на Самоилова тврдина и Горна Порта.

 |  Валентина Неловска  | 

Ќе започнат санации и конзерваторски зафати врз значајно недвижно кулутурно историско наследство во Охрид. Од НУ Завод за заштита на спомениците и музеј прават подготовки за санација на кровни конструкции на неколку цркви како и на заштитени објекти во приватна сопственост во охридското градско јадро и во Струга. Министерството за култура одобри средства за отпочнување на заштита Охрид за три цркви посветени на Света Богородица и тоа Болничка, Челница и Захумска, информира Даниела Недељковиќ , в.д. директор на НУ Завод и Музеј. Прво ќе им се заменува кровот па ќе се конзервира фрескоживописот за кој ќе се ангажираат експерти од странство, напоменува Недељковиќ.

„Во зависност од времските услови ќе зависи и одвивањето на проектите за Захумска. За таму ќе е потребна соработка со конзерватори од странство заради недостаток од конзеравтори од нашата институција. Тие конзерватори се луѓе со кои сме имале и претходно соработка и сме имале добри резултати“, напоменува Недељковиќ.

Покрај санцијата на трите цркви ќе се работи и на потпорниот ѕид на Римската бања на Плаошник. Во Охрид ќе има замена на кровната конструкција врз 5 објекти кои се заштитени со закон, а се во приватна сопственост, а два објекти во Струга и тоа на Домот на Браќата Миладиновци и на објектот на СВП. Директорката Даниела Недељковиќ ги посочува како приоритетни проектите за санација бедемите на Самоилова тврдина и Горна Порта и најпосетуваниот Музеј во Заливот на Коските со поддршка од ресорното министерство, но и со сопствени средства.

„Треба да се санира платформата , куќарките и обновување на ентериерот во музејот на локалитетот кој е доста атрактивно туристичко место“, напеомнува Недељковиќ.

Од НУ Завод и Музеј со сопствени средства во висина од околу 1 милион денари го набавиле неопходниот систем за вентилација и климатизација за заштита на истиорскиот и етнолошкиот оддел и на депото за ракописи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top