• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Министерството за култура одобри средства за реализација на три проекти за Охридскиот народен театар за годинава

Министерството за култура одобри средства за реализација на три проекти за Охридскиот народен театар за годинава

Тоа се проекти со кои Центарот за култура „Григор Прличев“ аплицирал за средства од Програмата за поддршка на проекти од културата од национален интерес за 2020та. Директорот на Центарот е задоволен од добиените средства и најавува продолжување на богатата програма.

 |  Валентина Неловска  | 

„Сопружници“ ,„ Балкански шпион“ и „Изгубени Германци“ се трите театарски проекти за кои Министерството за култура одобрило финансиски средства на Охридскиот театар за оваа година. Станува збор за две комедии „Сопружници“, адаптирана драма од Вуди Ален, во режија на Драгана Танеска ,  „Балкански шпион“ од Душан Ковачевиќ во режија на Љупчо Георгиески и политичката драма „Изгубени Германци“ од Дејан Дукоски во режија на Сашо Миленкоски. Аплициравме со 7 проекти , но ни се одобрени овие три, напоменува Горан Симоноски директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Задоволен сум , минатата и претходната година беа одобрени по 2 проекти. Од сумите сум задоволен и со помош на пријателите стопанственици од Охрид ќе ги реализираме и останатите проекти Балкански фестивал, Староградски средби. Имам забелешка за средствата за Балкански фестивал требаше да доделат повеќе пари. Го примив решението , вложив приговор до министерството, може ќе го прифатат приговорот и ќе ни одобрат повеќе пари “, кажува Симоноски.

Распределените суми за проектите на Националните установи не ги открива ресорното министерство. На таков чекор се одлучи и директорот на Центарот за култура Горан Симоноски.

„Јас не би ги открил сумите се до оној момент додека не ги склучам договорите со режисерите и комплетната екипа. Потоа нема да бидат тајна ќе се знаат и сумите за добиени за проекти“, напоменува Симоноски.

Директорот на Центарот е задоволен од добиените средства и најавува продолжување на богати настани од културата. Ќе продолжи соработката и со театри од земјава и околни земји како што е претстојната претстава , комедијата „Чекајќи го министерот“ со Српската актерка Лидија Вукучевиќ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top