Здравство

Матичните лекари од Охрид се приклучуваат кон барањата на еснафот

Матичните лекари дадоа поддршка на денешниот простест, но притоа работеа со итните пациенти.
 |  Валентина Неловска  | 

Охридските лекари од примарното здрвство се приклучуваат кон протестите на еснафот во државата.

Доктор Љупчо Костоски, претседателот на приватните матични лекари од Охрид напомeнува дека неговите колеги ќе работат со итните пациенти. 

Нашата хумана професија не ни дозволува да запреме со работа, но тоа не значи дека не треба да се почне процесот за решавање на проблемите во примарото здравство – изјави за ТВМ д-р Костоски.

Здравствените власти треба да го слушнат гласот на матичните лекари и да го спречат затворањето на амбулантите, бараат македонските лекари од примарното здравство со денешниот најавен протест.   

Лекарите се незадоволни од неисполнетите барања околу зголемување на малата капитација и финансиските шокови со кои се соочуваат, а можат да доведат до затворање на амбулантите. Реагираат дека со сегашната цена на капитација по пациент, не можат да ги покријат трошоците. Капитацијата по пациент изнесува 65 денари, донесена пред 4 години, а во помалите места бројот на пациенти се намалува и може да доведе до клуч на врата од амбулантите.

Во повикот на матичните лекари за протестот се набројуваат аргументите кои го доведуваат до прашање нивното работење наведувајќи ги покачувањето на минималната плата, високите сметки за струја на концесионери, казните кои се изрекуваат на матични доктори, поскапувањето на горивата и храната.

Според нив, потребни се неколку реформи во нивниот сектор за задоволни доктори и задоволен медицински персонал.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top