Масовно труење на напуштени кучиња се случи на градскиот плоштад

Епилогот е едно пцовисано животно и две кои се борат за живот. Активистите од здружението за заштита на животните Анималија бараат да се открие сторителот на овој нецивилизиран начин на справување со бездомните кучиња. Чинот го осудија голем број охриѓани кои беа сведоци на непријатната глетка.

 |  Валентина Неловска  | 

Мачна слика на градскиот плоштад од агонијата во која се најдоа две бездомни затруени кучиња. Засега непознат сторител се обидел масовно да ги отруе напуштените кучиња во градскиот парк. Овој нецивилизиран чин, кој наиде на остра осуда од охриѓани, заврши со едно пцовисано куче, а за две, ветеринарот кој дојде на повик на Здружението за заштита на животните „ Анималија“, се бореше да им ги спаси животите. Климент Арнаудов, активист од Анималија, стравува дека бројот на затруени кучиња може да биде поголем.

„ Може има и други отрови расфрлани на околу. На терен сме и пребаруваме. Ова е крајно нецивилизирано однесување. Нема многу кучиња на улица во Охрид, но ги носат од другите градови. Доколку продолжи тоа бројот ќе се зголемува и ќе се преземаат вакви нецивилирани методи“, вели Арнаудов.

На повик на Здружението на Анималија градскиот плоштад веднаш дојде и заменик градоначалникот Ристо Николески. Тој го осуди ваквиот начин на справување со бездомните кучиња. Вети дека ќе се заложат да профункционира прифатилиштето на Мауцкер.

„Поради мораториумот се стопирани сите надлежности, но се надевам дека како совет и советници ќе донесеме одлука таа локација да проработи за доброто на граѓаните“, истакна Николески.

Климент Арнаудов и Ристо Николески повикуваат полицијата да поведе истрага и да ги открие сторителите на денешното масовно труење на напуштените кучиња.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top