Македонците вложиле над 4 милиони евра во здравствено осигурување

Купувачката пораснала за 5 пати повеќе минатата година во однос на 2019. Осигурениците да внимаваат  дали осигурувањето ги покрива ризиците предизвикани од пандемии, порачуваат од Агенцијата за супервизија на осигурување.

 |  Валентина Неловска  | 

Пандемијата со ковид 19 ја зголеми побарувачката на здравствено осигурување во земјава. Купувачката на полиси бележи раст минатата година во споредба со претходната.Бројот на осигуреници кои купиле здравствено осигурување во време на пандемија пораснал за 5 пати во однос на 2019 година, информира Никола Стојанов, советник во Агенцијата за супервизија на осигурување.

„Вкупно 114.559 граѓани лани одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување и тоа е за 93.161 осигуреник повеќе од претходната година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398 лица“.

Во полиси за здравствено осигурување минатата година Македонците вложиле 4,45 милиони евра.Тоа е за близу 45 отсто повеќе од бруто полисираната премија од вредноста на продадените полиси во претходната година.Полиси за здравствено осигурување продавале 10 компании за неживотно осигурување, информираат од Агенцијата.

„Влијание врз растот на продажбата на осигурителни полиси за здравствено осигурување лани има пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, но и добрите корпоративни практики на сè повеќе фирми кои купуваат полиси за здравствено осигурување за своите вработени. Лани компаниите за неживотно осигурување на своите осигуреници им исплатиле штети во вкупен бруто износ од 1,72 милион евра врз основа на покритие од полисите за здравствено осигурување. Во споредба со 2019 година износот на платени штети кои компаниите ги платиле на осигурениците се зголемил за 44 отсто“.

Од Агенцијата за супервизија упатуваа апел на претпазливост до граѓаните кои сакаат да купат полиси за здравствено осигурување. Потенцијалните осигуреници да внимаваат на ризиците при изборот на осигурителното друштво дали се покриени со осигурувањето ризиците предизвикани од пандемии или епидемии.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top