• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Лицата со посебни потреби за авто обука најчесто користат сопствени прилагодени возила на нивните потреби

Лицата со посебни потреби за авто обука најчесто користат сопствени прилагодени возила на нивните потреби

 Авто школите не се во можност да им обезбедат возила затоа што е и многу мал бројот на пријавени кандидати. Меѓу возачите со посебни потреби кои се стекнале со возачка дозвола одлични возачи се лицата со наглувост.

 |  Валентина Неловска  | 

Законот за безбедност во патниот сообраќај пропишал услови лицата со посебни потреби да може да се обучуваат и да се стекнат со возачка дозвола. Лицата со телесен инвалидитет во обуките и полагањето за возачка дозвола најчесто користат сопствени прилагодени возила. Целосната обука може да се прави со лекарско одобрение во кое е нагласено дека станува збор за лице со посебни потреби и треба да користат возила со автоматски менувач, напоменува м-р Соња Шикалоска, сообраќаен инженер и сопственик на авто школата „Старс Инжeнеринг“.

„Ние како авто школи немаме такви моторни возлилa. Пред се сe работи за возила кои и треба да ги исполнуваат условите да нема повеќе од 77 kw тоа мора да е прилагодено и за лицата кои користат автомобили со автоматски менувач. Возилата мора да се со автоматски менувач. Според тоа каква ќе е потребата на лицето така и го прилагодуваме возилото и подобро е да е се оспособуваат со нивни возила, а најчесто поседуваат такво возила“, вели Шикалоска.

Авто школите не се во можност да обезбедат такви возила затоа што е многу мал бројот и на пријавени кандидати. Во 26 годишно постоење на АШ „Старс Инжeнеринг“  со дозвола за управување со моторни возила во регинот на Охрид, Дебар и Струга се стекнале само 10 тина кандидати, посочува Шикалоска.

„Можно е да се појави потреба на 2-3 години еден кандидат да се пријави за таква обука. Но, луѓето се и недоволно информирани. Мора да се нагласи во лекарското уверение дека се работи за лице со посебни потреби или за наглувите лица да имаат слушен апарат“, нагласува Шикалоска.

Меѓу кандидатите со посебни потреби нема проблеми да се стекнат со возачка дозвола и лицата со наглувост. Тие имаат посебен инстинкт и се најдобрите возачи меѓу лицата со посебни потреби кои се стекнале со возачка дозвола за управување со моторни возила. Шикалоска смета дека во градот има и доволен број на означени паркинг места за возилата кои носат ознака за лица со посебни потреби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top