Купувачите реагираат на различниот квалитет на увозни артикли кои се продаваат кај нас и во земјите од ЕУ.
Купувачите реагираат на квалитетот на одредени увозни артикли брендови кои се продаваат кај нас и во земјите од европската унија. Оние кои пробале некој производ дома и во странство забележуваат дека квалитетот на истиот бренд не е ист, потвдрува претседателаката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велков. Од ОПМ појаснуваат дека засега кај нас нема споредбени лабораториски истражувања на производите, а за овој проблем посебно за прехранбените артикли се дискутирало и на европскиот парламент. Засега кај нас не се истражува дали квалитетот на еден производ е ист кај нас и на пример во Франција. Лончар Велкова на ваквите реакции го наведува и образложенеито на некои од производителите.
„ Тие даваат оправдание дека потрошувачите имале други навики и други очекувања од една до друга земја. Ние како потрошувачи не можеме д а го прифатиме тоа. Ако еден бренд на производот се продава во сите земји тој треба да има и ист квалитет“, подвлекува Лончар.
За квалитетот на прехранбените производи се дискутирало и во европскиот парламент на ниво на унијата. Во Хрватска веќе има најави дека ќе почне истражувањето на квалитетот на производите за нивниот пазар во споредба со другите земји. Лончар вели дека оваа постапка е скапа, тешка , сложена, а е потребна и соработка со останатите земји. ОПМ реагирале до Агенцијата за храна и ветеринарство.
„ Да јас неодмана доставив лично што ќе се работи во другите земји и ние да имаме соодветни проверки со околните земји од Европскат унија или Балканските земји. Такви испитувања се прават на подолг временски период и треба овластени и акредитирани лабараториии, а за да се докаже сетоа тоа е скапа процедура, “вели Лончар.
Ние стапивме во контакт и со Агенцијата за храна и ветеринарство. Од таму ни посочија дека нивната процедура на работа е да даваат одговор на прашањата по писмен пат по претходно испратена елетронска пошта .
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град