Кривична пријава заработил угостителски објект кој организирал свадба

Една кривична пријава заработил  угостителски објект кој организирал свадба од  Државниот пазарен инспекторат во изминатиов викенд. Од почетокот на пандемијата досега се изречени 15 кривични пријави за организирање свадби  во Охрид. Инспекторите на терен констатирале дека се почитуваат мерките и протоколите за заштита од ковид 19 во охридските угостителски објекти. 

 |  Валентина Неловска  | 

Кривична пријава за свадба и 5 прекршочни пријави изрекле Државните пазарни инспектори продолжениов викенд во Охрид. 12 пазарни инспектори од Охрид и Гостивар извршиле над 200 контроли во угостителски објекти, информира Цветко Ристески, раководител на одделението за Пазарен инспекторат Охрид. Се контролирале охридските локали и хотели дали ги почитуваат владините мерки и протоколи. При акциите, 62 контроли биле со целосен инспекциски надзор и оформени записници, управни и прекршочни мерки. 137 биле визуелни контроли каде што не биле регистрирани неправилности, информира Ристески. Раководителот на оддлението на охридскиот пазарен инспекторат  напоменува дека локалите и посетителите ги почитувале мерките.

„Да. Со овие мали исклучоци овие 3 дена од продолжениот викенд и деновите во изминатата недела на поддрачјето на одделението за инспекциски надзор Охрид може да заклучиме дека се почитуваат мерките и протоколите“.

Ристески информира дека и во Охрид како и во другите градови во земјава има хотели и ресторани кои и покрај забраните во време на пандемија дозволуваат во нивните обејкти да се прават свадби. Свадбите се прават најчесто во дискреција иако се кривично дело , а таков бил случајот и со последната свадбена церемонија која ја регистрирале инспекторите, вели Ристески.

Свадбата беше завршена кога отидоа колегите. Собраа доказен материјал и врз база на тоа составија записник. Кривичните пријави ги поднесуваат колегите до Јавното Обвинителство. Тие понатака водат постапка дали ќе ја прифатат или ќе ја отфрлат кривичната пријава на подрачјето каде што е направено кривичното дело“.

На подрачје на охридско – струшкиот регион само од инспекторите од Одделението од Охрид имаат поднесено 7 кривични пријави за свадби во летниот период. Од почетокот на пандемијата од 12 март досега имаат изречено 15 кривични пријави за свадби во Охрид, информира Цветко Ристески, раководител на одделението на Пазарен инспекторат Охрид.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top