Кошаркарското игралиште искршено и нефункционално во СРЦ Билјанини извори

Граѓаните бараат средување на кошевите и осветлување на терените. Кошевите ќе бидат оспособени и функционални овој месец, информираат од  јавното претпријатие кое стопанисува со спортскиот центар.

 |  Валентина Неловска  | 

Демолирани обрачи од кошевите на кошаркарското игралиште на СРЦ Билјанини извори. Нема и осветлување на спортските терени, на овие состојби укажуваат граѓани во нивните забелешки доставени во анкетата во рубриката „ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД“.

Во забелешките напишале „Обрачите од поставените кошеви на кошаркарското игралиште во Билјанини извори се искршени и нефункционални. Рефлекторите не работат, не се пуштаат за да може да рекреираат децата и граѓаните барем до 22 часот“.
Гордана Јованоска , директорка на ЈП „Билјанини извори“, информира дека во летниот период во неколку наврати се случиле оштетувања на повеќенаменскот игралиште каде што биле искршени стаивите од ракометното игралиште и обрачите од кошевите на кошаркарското игралиште, претежно во вечерните часови.

Апелирам децата да се воздржуваат од вакви работи и тоа е напарвено за нив, за да рекреираат нивните другарчиња и не би требало да има вакви оштетувања. Ние во моментов не ги имаме направено, чекаме да се намали гужвата. Веќе 5-6 пати ги саниравме летово и повторно ќе бидат искрешени – истакна Јованоска.

Јованоска напоменува дека повеќенaменскотo игралиште ќе биде санирано наскоро. Кошаркарското игралиште ќе биде оспособено и функционално до крајот на септември. Во врска со осветлувањето напоменува дека СРЦ работи до 22 часот, а осветлување се вклучува во зависност од бројот на заинтересираните за рекреација на терените. Рефлектори има на сите спортски терени, освен на фудбалскиот терен каде што ќе се заменат старите со нови, а ќе бидат поставени нови рефлектори во 2022 година. 

Инаку, останатите игралишта меѓу кои тениското и фудбалските терени во изминатиот период биле максимално искористени од спортски екипи од земјава и соседството.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top