Корења од дрва и влажни марамчиња го затнувале колекторскиот систем

Исчистени  се скоро еден километар од цевководот од потегот на хотел Гранит до хотел Парк. Целиот зафат на прочистување на колекторскиот ситем треба да заврши до месец мај. 

 |  Валентина Неловска  | 

Интензивно се работи на прочистување на колекторскиот систем после 30 години од неговото ставање во функција за заштита на Охридското езеро. Екипите од Еко тим,Скопје, подизведувачи на хрватската фирма Индеко, која го доби тендерот за изведување на работите, кажуваат дека користат најсофистицирана компјутерска технологија во работата која се изведува без ископи. Започнале со чистење на пумпните станици од талог на суво, се мнуваат лежишпта и редуктори, вели Игор Атанасовски, машински инжинер од оваа фирма.Тој при тоа кажува кои се најчестите причини за затнување на најкритичните точки на колекторскиот систем.

Најголем дел се корења, потенцијални за на нив да се запре талогот и да се затне цевководот на фекaлната канализација. Среќаваме влажни марамчиња, крпи, дрвја камења , едноставно секакви видови отпад заглавени во одводниот систем на колекторот“, раскажува Атансовски од досегашната работа на терен.

Владимир Алексијоски , директорот на ново формираното Државно претпријатие за колектор, напоменува дека стартувале од потегот кај хотел Гранит па се до хотел Парк. Почнуваат со чистење на најкритичните точки, исчистиле околу 1 км па продолжуваат кон пупмните станици кај Далјaн и Подмоље, па ќе се чисти и кон струшкиот брег. Проблeмите се што системот не направен како што треба при самата изградба, лошо е изведуванo поставувањето на колекторските шахти и има лоши споеви кои во текот на годините овозможиле навлегување на корењата од дрва, вели Алексијоски. Државата за целиот зафат за санацијата издвои 4 милиони и 200 илјди евра.

Со тендерската постапка е предвидено снимање на целиот цевковод. Потоа планираме поставување цевка во цевка, од полиестер, кои нема да дозволат во иднина корењата да навлезат во цевководот на колекторскиот систем“, вели Алкесиојски.

Покрај овие зафатии, ќе се работи и на санација на препумпните станици. Ќе се санираат 20 комплети со поставување на 18 полжни пумпи. Целиот зафат на прочистување на колекторскиот систем треба да заврши до месец мај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top