Конечно, отворена музичка сцена

Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена.

 |  Валентина Неловска  | 
gerdan
gerdan

Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена. За ова намена ќе се импровизира сцена пред платото пред Центарот за култура, кој се јавува и како организатор на оваа манифестација. Методија Баракоски Менде, уметнички раководител на КУД „Ѓердан“, дамнешен поборник за реализација на ваков проект, ја поздравува манифестацијата. Баракоски смета дека тоа е убава можност играорците пред туристите да презентираат дел од нивните уметнички програми. Долгогодишниот музичар ги повикува надлежните да обрнат поголемо внимание за квалитетот и местото каде што фолклористите ќе ги презентираат нашиот фолклор и култура. Баракоски смета дека платото пред Ценатрот не е соодветно решение за играорците. Како прифатливи места за настап ги посочува сцените на Долни Сарај и Антички театар, но како најадекватна ја смета сцената на некогашната кино бавча. kino

Реконструкцијата на овој запуштен простор, пак беше најавена уште минатата сезона. Ставањето во функација на кино бавча сеуште тапка во место. Министерството за култура за оваа намена, лани издвои 200.000 денари. Градежната фирма кој требаше да ги изведе зафатите затаи, а директорката на Центарот за култура, Драгана Боцеска, вели дека станува збор за фирма која требаше да ја спонзорира реконструкцијата. Боцеска, иако не прецизира во кој временски рок сцената ќе биде оспособена за музички и културни случувања, сепак ветува дека во престојнава сезона таа ќе биде завршена.

Покрај, настапите на музичарите на отворена сцена во мај и јуни, Центарот за култура се јавува како организатор на музички хепенинг кој ќе биде во знакот на одбележување на Денот на Европа, 9 мај.

Во недела, на 6 мај, пред палтот на Центарот, настапуваат фолклорните ансамбли „Бисери“,„Ѓердан“, „Филиграни“, „Билјана јуниор“, „Охриѓанка“, како и пејачот Петар Нечоски и гостинскиот ансамбл „Зета“ од Подгорица, Црна Гора.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top