Комуналец ќе го подига отпадот и за време на полициски час

 Зголемени се количините на депониран отпад, велат од ЈП. Продоложуваат со дезинфицирање на улиците и влезовите во зградите. 

 |  Валентина Неловска  | 

Останаа неподигнати дел од контејнерите и садовите за отпад од домаќинставата во делови на градот за време на полицискиот час кој траеше викендов. Службите на ЈП Охридски комуналец го увиделе пропустот на терен и ќе работат и за време на полицискиот час, информира Љупчо Грданоски директор на ЈП Охридски Комуналец.

„Се соочивме со ситуација денес граѓаните масовно да го вадат отпадот по контејнерите и да не се повтори таа ситуација решивме од наредната недела екипите на ЈП да го подигаат отпадот од сите населени места и за врема на полицискиот час. ЈП ќе работи по утврдената динамика за подигање на комунален отпад“, информира Грданоски.

Откако е прогласена вонредна состојба со корона вирусот и ограничувањето на движењето на граѓаните, повеќе се создава комунален отпад од домаќинствата забележуваат од ЈП Охридски комуналец.

„Зголемена е количината на комунален отпад кој граѓаните го депонираат во контејнерите. Веројатно тоа се должи на масовното купување по маркетите пред полицискиот час , а и пред престојните Велигденските празници. Има зголемени количини отпад и во контејнерите и во садовите за отпад во домаќинствата“, напоменува Грданоски. 

Од ЈП Охридски комуналец информираат дека секојдневно ќе продолжат и со дезинфицирање на улиците и влезовите во зградите. Секое населено место и градските улици се по 2 пати поминати со дезинфекционо средство, додава Грданоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top