Претседателот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев, ја претстави нивната предизборна политичка платформа на претстојните парламентарнтарни избори. Како што кажа нивни цели се реформи во администрација и промената на политичкиот систем и повеќе пари од буџетот за развој на образованието и здравството.
Петар Колев, претседателот на Граѓанско демократскат унија во Охрид, заедно со носителот на Изборната едница 5, Даниел Јорданоски и со останатите колеги од листата и ИШ ги запознаа охриѓани и регионот со нивните приоритети за овие избори. Колев, напомена дека ГДУ како еден од основните столбови и приоритети во својата основната политичката платформа и во предизборна програмата ја има поставено реформата во администрација и промената на политичкиот систем.
„Затоа ГДУ се залага за намалување на бројот на пратениците во Собранието на РМ на 90 по моделот на Словенија, во првата етпа од првиот мандат, а во вториот мандат нашите размислувања се дека македонскиот парламент може да функционира и со 61 пратеник“.
Собранието е една гласачка машина која се докажа дека е премногу скапа за граѓаните на Р. Македонија. Над 7 милиони евра се трошат за бруто плата за пратенците, а со половина од овие средства би може да се изгради едно современо училште по германски модел во кое би се образовале над 800 ученици. Затоа ние зборуваме за основните приоритети како што се образованието или здравството.
„Кога размислуваме за промена на политичкиот систем, за ова година македонското собрание година има буџет од 10 милиони евра. Со половина од овие средства може да се развие охридската , битолската болница или било која друга болница како основен приоритет во општеството, а тоа е здравјето на граѓаните. Затоа ние размислуваме за реформа и во извршната власт со цел рационализација и ефектуирање на работата на администрацијата. Ние од ГДУ веруваме во мала, но ефикасна администрација“.
Предлагаме Влада со 15 министри во која нема да има можност за назначување министри без ресор. Ние сметаме дека купување на политички мир во земјава со назначување министри без ресор во Влада е крајно време да престане како пракса во нашата држава бидејќи граѓаните не се должни на луѓе кои реално немаат обврски и не работат ништо да им исплаќаат високи плати и привилегии. Треба да се стави крај на патните трошоци во оваа држава. Нашата агенда е да се намалат јавните трошоци за да останат средства за да се развиваат општествените јавни добра образованието и здравството, кажа Колев.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град