Ќе се подготвува проект за поставување на монтажна болница

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при ЛС треба да подготви проект со кој ќе го средува просторот за поставување на монтажна болница во кругот на Општа болница. Деновиве ќе се знае колку ќе ја чини општината овој зафат. Според договорот со Министерството за здравство општина Охрид треба да учествува во поставување на болницата која е дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран од корона вирус.

 |  Валентина Неловска  | 

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при ЛС доби напатствија за средување на теренот за поставување на монтажна болница во кругот на Општа болница. Општина Охрид треба да ги направи подготвките на теренот каде што се планира да се постави модуларната болница, а со која градот треба да добие тријажен центар и проширени капацитетите за лекување на болни од Ковид 19. Договорено е да се среди просторот со површина од 500 до 700 м квадратни, позади геријатриското одделние, информира Томе Нанески, раководител на Фондот за комунален развој при ЛС.

„Обврска на општините во тие договори кои ги склучиле со МЗ е тампонирање на просторот и доведување на водоводна линија, канализациона линија и електрична енергија. Ние сме во фаза на подготовки, треба да изработиме проект да знаеме каде ќе се поставуваат инсталациите што е во моментов најважно и да почнеме да го средуваме просторот“.

Од Секторот не добиле рок до кога треба да ги завршат подготовките на теренот за да се постави модуларната болница. Нанески, напоменува дека тоа ќе го направат во најможен краток рок.

„Немаме добиено некој рок до кога мора да го завршиме просторот. Но, од наша страна во нашите развојни програми и во буџетот такви средства немаме предвидено. Ова е вонредна ситуација, од одделението при ЛС за јавни набавки сме информирани дека заради ситуацијата со ковид 19 може да одиме со кратка набавка и да се предвидат дополнителни средства затоа што тоа ќе ја чини нешто општината“ .

Дополнително ќе треба да се направи пренамена на средствата и  на совет за овие градежни работи. Моментално од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при ЛС работат на финанасиска конструкција, колку ќе ја чини овој зафат општината. Ќе се знае и кои ЈП покрај Водовод и Нискоградба, ќе бидат вклучени во изведување на градежните работи. Поставувањето на монтажната модуларна болница е најавено пред скор два месеци, како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран од корона вирус. Со двата монтажни објекти ќе се зголемат болничките кревети со 35 легла во ЈЗУ Општа болница Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top